МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДВЕТЕ ЕКИПИ ИМААТ ИСТ БРОЈ БОДОВИ СО 7 ПОБЕДИ И 3 ПОРАЗИ - ВТОРОТО ДЕРБИ ГО ИГРААТ ПЕЛИСТЕР И ТФТ

Претстојниов викенд во кошаркарското првенство за мажи преку 14 редовно коло ке донесе неколку интересни дуели. „Куманово“ ке бара да одржи приклучок со водечките екипи додека „ФМП“ по двата домашни порази од „Еуро Никел“ и „Кожув“ ке бара рехабилитација. Куманово ке ја има предноста на домашниот терен но „ФМП“ е секогаш незгоден противник. „МЗТ“ е фаворит на гостувањето кај „Вардар“. „Работнички“ ке го пречека мотивираниот „Кожув“. Дербито се игра во Битола каде „Пелистер“ ке го пречека „ТФТ“. Во битка за бегство од дното во Струга „Црн Дрим“ ке игра со „МЗТ 2“. Второто дерби односно натпревар за меѓусебен престиж во Кавадарци ке одиграат екипите на „Еуро Никел“ и „Гостивар“. Двете екипи досега имаат идентичен скор по 10 одиграни средби од 7 победи и 3 порази. По гостинската победа над „ФМП“ и засилени под обрачите со хрватот Рикиќ „Еуро Никел“ во позитивна атмосфера ги пречекува гостиварчани во обидот да ја продолжи победничката серија и да го одржи чекорот со водечките екипи.

Средбата се игра утре, сабота со почеток во 18 часот во салата „Јасмин“ со директен пренос на https://kfsm.mk/ и FB профилот на rtk.mk,

м.в.