Кавадарчани максимално го искористија неиграњето на странците во гостинскиот тим
Во ПМКЛ се одиграа средбите од 10 коло. Пелистер - Гостивар 101-76. Феникс направи изненадување и го совлада МЗТ со 90-83. Кожув - Ангели 105-67, Куманово - МЗТ 2 75-71 и ФМП - ТФТ 90-89. Во дербито на колото во Кавадарци се сретнаа два поранешни шампиони Еуроникел и Работнички. Иако се очекуваше неизвесен натпревар до тоа не дојде бидејки Работнички настапи без странците а кавадарчани максимално го искористија тоа и славеа со убедливи 95-77.
Кај девојките во елитната група А се одиграа средбите од 9 коло. Пробаскет го прокнижи и 9 пораз сезонава откако загуби нагости кај Вардар со 89-53. Струга славеше на гостувањето кај МЗТ со 56-69. Во дербито на дното Работнички ја доби Кр.Паланка со 80-71 а колото го одбележа големото дерби во кое актуелниот шампион Баскет КАМ гостуваше кај Бадел и по втор пат беше поразен овој пат со 77-64. Во групата Б се одигра 8 коло. Шкупи - Гостивар е одложена, Патриот - Куманово 70-47, Мега Баскет - Гризли 40-93 и во Штип лидерот во оваа група, екипата на Трокал со 30-78 ја совлада Тим Арена. Кавадаречките девојчиња се први на табелата без ниеден пораз.
М.В.