МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Искусниот центар ке биде големо засилување за кавадарчани

За 7 дена би требало да продолжи кошаркарското првенство на Македонија. Кошаркарите на Еуроникел во продолжение на сезоната ке се обидат да изборат место во кошаркарскиот плеј оф. Кавадарчани сезонава имаат респектабилен состав во чии редови има неколку поранешни репрезентативци и пред се искусни и квалитетни кошаркари како Дарко Соколов, Никола Караколев, Ивица Димчевски, Предраг Самарџиски но и квалитетни странци како Ѓекиќ, Томиќ, Дубински и Калахан со кои би требало да се борат за највисок пласман и можеби за некој пехар во домашната кошарка. Меѓутоа првите 12 кола не поминаа според очекувањата па сега Еуроникел е во средината на табелата со скор од 6 победи и 6 порази. Порасди тоа управата на Еуроникел и тренерот Самарџиев повлекоа мудар потег. Имено откако ја раскина соработката со Кожув, македонскиот репрезентативец Кирил Николовски ќе ја продолжи кариерата токму во тимот на Еуро Никел. Тоа значи дека трет пат во кариерата Николовски ќе биде член на тимот од Кавадарци каде настапуваше во сезоната 2011/12 и потоа и од 2015 до 2017 година.

М.В.