МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани славеа со 73-75 и си ги зголемија шансите за пласман во плеј офот

Еуроникел ја прекина лошата серија од четири порази во вистинско време, против директниот конкурент за место кое води во плеј-офот. Кавадарчани славеа со 73-75 на гостувањето кај ТФТ. Гостите го контролираа резултатот но имаа и падови кои домакинот ги користеше и се враќаше во игра. Еуро Никел поведе со 61-74 на 3:17 до крајот но ТФТ се врати со серија од 12-0 па на 18 секунди до крајот резултатот беше 73-74. Соколов погоди само едно слободно фрлање за 73-75 а домакинот во преостанатите 10 секунди ја загуби топката па бодовите отпатуваа за Кавадарци.Самарџиски беше најефикасен со 15 поени, Соколов додаде 13 а Калахан 12. Во останатите средби МЗТ – Феникс 92-68 и Гостивар – Пелистер 84-89.. Во плеј аут групата се постигнаа следниве резултати. Кожув – Работнички 73-72 , Ангели – Куманово 72-65 и МЗТ 2 – ФМП 75-81

М.В.