КОШАРКАРИТЕ НА ПРО БАСКЕТ ПОЛУСЕЗОНАТА ЈА ЗАВРШИЈА СО 2 ПОБЕДИ И 4 ПОРАЗИ
Кошаркарските второлигаши го завршија предвиденото за пандемиската 2020. Во нов формат поделени во две групи во секоја по 10 екипи одиграни беа по 9 првенствени кола со голем број одложени средби заради ковид состојбата. Во групата исток одложени се вкупно 13 а во групата запад 9 натпревари.Како стојат во моментов работите во групата запад „Хераклеа“ ке презими на лидерската позиција со 16 бодови, 4 повеке од екипите на „Охрид“ и „Тетекс“ кои собраа по 12 но имаат и две средби помалку. Во оваа група настапува и екипата на „Спорт Тим“ од Неготино кои засега во 8 одиграни средби имаат 8 порази и се последни на табелата.Во групата исток „Ангели“ се први со максимални 14 бода од 7 средби а втора е екипата на „Борец Баскет“ со 11 бода и натпревар помалку. Во оваа група настапуваат и кавадаречки кошаркари под името „Про Баскет“. Тие одиграа само 6 средби и забележаа 2 победи и 4 порази и со 8 бода моментално се 7 на табелата.Според предвиденото следното коло би требало да се одигра на 13 февруари следната 2021.
М.В.