МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРВЕНСТВОТО ПРОДОЛЖУВА НА 16 ЈАНУАРИ А ЕУРО НИКЕЛ КЕ ИГРА СО ТФТ

Кошаркарите први ке ја отворат спортската 2021. За таа цел екипата на „Еуро Никел“ веке е во погон без промени во играчкиот ростер. Веке на 13 јануари планирано е одигрување на заостанатите натпревари од есенскиот дел на шампионатот. Нашите кошаркари требаше да играат со „Куманово“ но кумановчани на 12 јануари имаат настап во БИБЛ лигата па оваа средба тешко дека ке се одигра. На 16 јануари предвидено е да се игра редовното 11. коло, во кое дерби дуелот се игра во Битола меѓу „Пелистер“ и „МЗТ“. Второто дерби ке го одиграат „Еуро Никел“ и пријатното есенско изненадување екипата на „ТФТ“. Македонските претставници во АБА 2 лигата, „МЗТ“ и „Работнички“ од 18 јануари се селат во Бања Лука, каде ќе се игра вториот „балон“ од регионалната лига. Доколку нема промени во календарот, натпреварите од завршниот турнир на Купот на Македонија би требало да се играат на крајот од февруари 2021 година.

м.в.