МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРОНИКЕЛ СТОПИ ДВОЦИФРЕНА ПРЕДНОСТ НО НЕМАШЕ СИЛИ ЗА ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ

Вчера се одиграа три заостанати натпревари во кошаркарското првенство на Македонија за мажи. „Вардар“ ја забележа првата победа совладувајки го „Црн Дрим“ со 76:72. „Пелистер“ ја продолжи победничката серија и славеше нагости кај „ФМП“ со 67:95. Дерби натпреварор го одиграа „Работнички“ и „Еуро Никел“. Првата четвртина беше рамноправна а „Еуро Никел“ по 10 мин. водеше со 21:25. Но во втората кавадарчани цели пет минути не дадоа кош а „Работнички“ постигна дури 15 во серија, за двоцифрено водство од 36:25. „Работнички“ беше доминантен во овој втор период од играта кој го доби со превисоки 33:12 па на полувреме се замина со преубедливи 54:37. Кавадарчани одлично ја стартуваа третата четвртина и ја преполовија високата негатива, односно прво ја сведоа на едноцифрена 66:57, а потоа имаа и уште пониски 68:63. Серијата на „Еуро Никел“ продолжи до разлика од 68:64а потоа и до 68:66. Сепак кавадречкиот тим падна на концентрација и му дозволи на противникот пак да се одлепи и во последните 10 мин се влезе со скор од 75:66.По две и пол минути од последната четвртина беше израмнето 75:75. Израмнето беше и на три минути пред крајот 82:82.Потоа Петровски погоди за три поени и го сврте водството во корист на својот тим 83:85. Но во серија Вашингтон погоди 2 тројки за ново водство на „Работнички“ и конечни 89:85. Кај „Работнички“ Вашингтон постигна 20, Питс и Балмазовиќ во 13, Ефремовски 12 и Младеновиќ 10. Кај „Еуро Никел“ Мијатовиќ реализираше 25 поени , Соколов 19 а Влаховиќ 15. Неизбежно е од досега прикажаното на натпреварите да се изведе заклучок дека на „Еуро Никел“ му недостигаат уште двајца квалитетни играчи за ротација. Или фали еден висок кој би ги одмарал Мијатовиќ и Казарновски и фали играч на надворешните позиции. Но да бидеме реални - фалат двајца а еден од нив мора да биде македонец што сега засега е многу тешко да се реализира.

м.в.