МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчанки минатата сезона настапуваа под името „Трокал“ но и сезонава се фаворити за највисок пласман под името „Јан Бор„

Се одиграа неколку средби од редовните кошаркарски кола. Во Скопје шампионот МЗТ беше изненадден и поразен од екипата на Гостивар со резултат 79-80. Ова беше последен натпревар од второто коло а Гостивар се израмни со максимални две победи со екипите на Еуро Никел и Феникс и најави мошне интересна сезона. И кај девојките се одигра еден натпревар во кој екипата на „Јан Бор“ од Кавадарци славеше на гостувањето во Куманово против истоимената екипа со резултат 50-64. Кавадарчанки кои минатата сезона настапуваа под името Трокал најавија дека и сезонава ке играат битна улога за самиот врв на табелата. Првото коло кај девојките ке биде затворено утре кога својот натпревар ке го одиграат Пониква и Пелистер

M. В.