Екипата на Еуроникел го го совлада тимот на Струмица со 89-72
Кошаркарското првенство на Македонија продолжи со средбите од 12 коло. Во салата Јасмин екипата на Еуроникел го пречека тимот на Струмица. Одлично го отворија натпреварот домашните кошаркари и во раната фаза направија двоцифрена разлика 24:13, а потоа и 26:15. Еуро Никел одржуваше водство кое се граничи со двоцифрено па така беше и на полувремето 48:37. Екипата од Кавадарци знаеше како да го држи на резултатска „дистанца“ својот противник и едноставно не им дозволија на струмичани да помислат на било каков пресврт.На почетокот на последната четвртина дојдоа и до недостижно водство од 79:57 кое го претворија во нова победа, за конечни 89-72. Планиниќ заврши со 28.поени, Гавриловиќ со 16, а Ѓекиќ со 15 поени, а интересно, искусниот Соколов даде само два, но затоа пак имаше изворедни 12 асистенции. Во останатите средби МЗТ - ТФТ 91-81, Пелистер - Гостивар 117-87, Кожув - ФМП 108 - 103, Чаир - Куманово 86 - 91 и Феникс - Раотнички 91 - 88
М.В.