Нашите млади кошаркари го совладаа домакинот Грузија со 76-73 и закажаа четвртфинале против Естонија
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија се пласираше во четвртфиналето на ЕП за кошаркари до 20 години – Б дивизија кое се игра во Тбилиси, откако вчера го совладаа домаќинот Грузија со 76-73. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека нашите дечки се враќаа од - 14 а згора на тоа остана и без Андоноски кој се повреди. Андоноски постигна 14 поени за 16 мин. игра до повредата, и така беше најефикасен во нашиот состав заедно со Савичевиќ. Петков даде 13 поени а Петрушевски имаше 10 поени, седум скока и две асистенции. Во составот на оваа репрезентација е и нашиот Тодор Златев кој одигра десетина минути и постигна 2 поени од 3 обиди и забележа и 3 скока. Нашите кошаркари во четвртфиналето ќе се сретнат со Естонија која е една од трите репрезентации со максимален ефект во досегашниот дел од првенството во Тбилиси. Естонците имаа многу полесна група бидејќи во неа беа Исланд, Романија, Холандија и Луксембург. Натпреварот против Естонија, македонската репрезентација го игра утре петок (22 јули) од 12:30 по средноевропско време. Во случај на победа против Естонија, Македонија најверојатно ќе игра со првиот фаворит за титулата на првенството – Србија.
М.В.