МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Црниот“ викенд за кавадаречките спортски колективи го заокружи градскиот ракометен клуб Тиквеш кој со 20-30 беше поразен од тимот на ХЈС Работник.

Младите кавадарчани беа рамноправен противник само во првата половина од воведното полувреме, по што сезонава амбициозниот и засилен тим на ХЈС Работник со агресивна, а на моменти и груба игра успеаа да го скршат отпорот на домашните ракометари, и на пауза да заминат со 8 голови предност, 8-16. Резултатот од првото полувреме навести дека вториот дел ќе биде само формалност. На крајот, конечни ГРК Тиквеш ХЈС Работник 20-30.

Серијата на тешки натпревари на стартот од новата сезона во првата машка македонска ракометна лига за ГРК Тиквеш продолжува, затоа што веќе во наредното коло тимот предводен од професорот Блаже Велков ќе му гостува на Вардар 2.