МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со две злата и четири трети места, кавадаречките џудисти повторно ги оправдаа очекувањата на тренерскиот двоец Колев и Ангелов.

На Државното првенство на Република Македонија за пионери и сениори кои се оддржа денес во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески - Ричко“, пионерките Благица Колева и Марија Илиевска одличните настапи во своите категории ги крунисаа со пласман на највисокото скалило на подиумот. За разлика од нив, Розе Милкова, Благој Тодоров и Миле Костов кои исто така се натпреваруваат во пионерска конкуренција освоија трето место во своите конкуренции.

Со третот место мораше да се задоволи и Никола Станоев кој се натпреваруваше во сениорска категорија.