МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Четворица тренери од ЏК Кожувчанка добија лиценци за работа за 2022

Џудо федерацијата на Македонија за прв пат викендов во Скопје организираше семинар во рамките на проектот „Подобри го својот клуб“. Семинарот се одржа под покровителство на ЏФМ и ЕЏФ и е одобрен по состаноците направени во Луксембург а се однесува на подобрување на работата на тренерите во џудо клубовите. На семинарот учество зедоа и четворица тренери од ЏК Кожувчанка од Кавадарци и тоа Марјан Колев – црн појас 3 дан, Трајче Марков и Сашко Ангелов кои имаат црн појас 1 дан и Петар Милев – кафеав појас. Предавач на семинарот беше господин Фредерик Демонфакон од Франција носител на црн појас 6 дан кој на семинарот ги предаваше новите правила за циклусот за следните Олимписки Игри. Од овој семинар тренерите на клубовите ке се здобијат и со потребните лиценци за тренери за 2022 год. Инаку на семинарот како почесен гостин присуствуваше и висок претставник од ЕЏФ и тоа подпретседателот госпоѓа Џејн Бриџ

м.в.