МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во понеделник и вторник на 29 и 30 август во Кавадарци ке се одржи „Опен фан фудбал“.

Повеќе од десет години ова манифестација на малдите од 6 до 12 години им овозможува низ игра да се запознаат со тајните на најпопуларната спортска игра-фудбалот.Европската асоцијација зад чија закрила се одвива „Опен фан фудбал“ води сметка за соодветна вклученост на заинтересираните вљубеници на фудбалот кај нас .Годинава можноста два дена да другаруваат и се забавуваат низ разни игри им е овозможено на 200 деца.Покрај момчиња учествуват и девојчиња.

Со децата ке работат 12-професори по физичко и здраствено образоание и еден асистент.Градскиот стадион во Градскиот парк ке биде поделен на 12- еднаквци делови каде ке се увежбуваат елементи од фудбаската игра .

Лидерот на Опен фан во Кавадарци и претседател на Сојузот на спортови на Општина Кавадарци Борче Ѓорѓиев, вели дека се е спремно за годинашнава спортска манифестација, за која очекува интересот и понатаму да биде голем со оглед на досегашното искуство .