МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФК„ЉУБАНЦИ“-КАВАДАРЦИ - „СКОПЈЕ“-СКОПЈЕ 1:2

Во воведната средба од првото коло на единствената Втора фудбалска лига ФК„Љубанци од Кавадарци„ загуби од тимот на „Скопје“ од Скопје со 1:2.

Во првото полувреме кавадаречките фудбалери се подобриот противник.Со две шанси за гол гостите од Скопје главно се определија за одбрана.Но сепак тие први го постигнаа водството, и тоа во 21 минута преку Али Фуркан.

Во 29-та минута по слободниот удар највисоко пред голот на скопјени скокна Методија Делов и го изедначи резултатот на 1: 1.Со овој резултат се отиде на полувреме.

Во вториот дел од играта во 63 минура Дарио Десниќ постигна гол за водство на скопјани, кој беше и конечен резултат на средбата.Инаку Скопје од 63 минута играше со играч помалку откако втор жолт картон доби Дарко Гергевски.