МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО ПРЕСРЕТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА КОШАРКАРСКОТО ЕУРО 2017 СЕ ОДРЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Кавадарци и СС„Јасмин“ се подготвени за квалификациите во кошарка за „ЕУРО 2017“.На средбата со новинарите градоначалникот Александар Панов соопшти за подготовкте на спортскиот објект,сместувачките капацитети и воопшто градот и ги покани сите вљубеници во кошарката да навиваат за нашата репрезентација , и да ги следат останатите средби од овие квалификации.

Резултатите од подготовките на сениорската кошаркарска репрезентација не мора да значи декa

се конкретна слика за развојот на националниот состав како тим, рече селекторот Драган Рaца и покрај двете победи и пет порази во изминатиот период тој е задоволен од своите кошаркари. Раца во Кавадарци изјави дека ниту негативните критики на нивна сметка воопштo не успеале да ја нарушат атмосферата, нешто за што тој и понатаму ќе се залага.

„ Во македонските клубови се игра порекреативно. Се игра одбрана на само пет метри, а во репрезентација не може тоа така. Мора да бидеме уште поподготвени.Резултат може да направиме само со позитивна атмосфера“ – рече селекторот Раца.