МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК Тиквеш-Вардар(Неготино) 22:25

Локалното дерби помеѓу градскиот ракометен клуб Тиквеш и ракометниот клуб Вардар од Неготино по долги години, го врати ракометот во фокусот на кавадаречката спортска јавност.

Над 1500 гледачи во салата Јасмин-одамна немаме видено, со атмосфера исто така ретка.Спортско навивање, многу емоции ,адреналин како во старите времиња.Резултатот беше битен но тој беше во втор план.Сепак убаво ке беше , барем за ГРК Тиквеш ако победеше во Кавадарци -но тоа не се случи.

0909000.jpg

Ракометното дерби им припадна на ракометарите на РК Вардар од Неготино, кои во „Јасмин“ дојдоа со околу 800 навивачи, и очекување да победат.Во тоа успејаа.Конечниот резултат е 22-25.

Главната борба , се чини победникот го даде во средината на второто полувреме кога ГРК Тиквеш изедначи на 16-16 а потоа и 17-17 за во 47 минута да поведе со 18-17 а потоа и 19-17.Од 50 минута кога Вардар изедначи на 19-19 до крајот на средбата неготинчани остранаа во водство од еден а потоа два и три гола разлика.

222.jpg

Големата желба на тренерот Василев и управата на клубот за победа на домашен терен не се остварија, иако на моменти можевме да сториме и повеќе.Но за вакви натпревари потребен е физички поподговен тим, ГРК Тиквеш располага со релативно млада екипа првотимци ,а веројатно е потребно во клубот да се донесат и засилувања за да живне нападот.На ова средба се истакнаа неколку првотимци кои заслужуваат внимание и на кои тренерот ке смета и во наредните натпревари.

Освен битката на теренот на натпреварот на кој освен престижот, нема некое преголемо резултатско значење, возбудливо беше и на трибините во пресметката помеѓу навивачките групи Лозари и Винари.Инциденти на средбата не забележавме.

Вардар беше подобриот противник и го доби ракометното дерби.РТК.МК вршеше директен пренос,поради големиот интерес за ова средба.