МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kaвадаречките ракометари се последни на табелата.Поразот од второпласираниот Металург Јуниор а знак дека се потребни итни мерки за санирање на состојбата.

Уште еден пораз на свој терен, што најмногу депримира.Малку поблика на трибините, слаба игра на нашите ракометни млади надежи ,или пак имавме силен противник.ГРК Тиквеш загуби со 33-18 од второпласираната екипа на Металург-Јуниор од Скопје.Нашите остануваат на последното место на табелата на Првата ракометна лига со 10 бода.

До средината на прбото полувреме одржувавме рамнотежа во играта, но потоа разликата во водството се зголемуваше, за на крајот на втората половина на второто полуврене таа стане убедлива, и се чекаше последниот свиреж на судијата да за заврши средбата.

Има првотимци кои се истакнуваат со играта но тоа е недоволно.Тимот треба да функционира целосно, во спротивно ке продолжи со поразите.