МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Овој млад ракометен тренер е одлично примен во Љубљана каде работи во Спортскиот центар за деца.

Александар Темелковски е млад ракометен тренер кој својата кариера од Mакедонија започна да ја гради во странство.Конкретно тој на повик на Центарот за обука на млади кадри од Љубљана замина во Словенија со ангажман наменет за обука на деца.Во моментов трааат уписите на деца кои имаат афинитет кон ракометот, кој во Словенија станува доста популарен.Се започнува со прв степен на изучување на знаења а потоа влегуваат во клубот, каде се одвива учењето на правилата во ракометната игра.Центарот за обука „Љубљана“- е место каде се регистрира интересот кај младите за изучување на ова колективна игра.Тие спортуваат во групи.Нашиот Александар има конкретна обука со деца родени 2001 до 2005 година.

Да потсетиме Темелковски започна со игра и настапи во РК„Винарска Визба-Тиквеш„ кога негов тренер беше Борче Ѓорѓиев.Во ГРК„Тиквеш„ настапувал во Супер лигата, на 17,18 години.Клучна,според него, била средбата во бараж нетпреварот во Струмица кога Тиквеш и излезе од Супер лигата и започна со натпревари ви Македонската прва лига.

Во новиот клуб “Тиквеш 2014“ настапувал на многу натпревари .На 18 години започнал да го посетува курсот за тренери во Академијата на „Вардар“ кој успешно го положил.Инаку по Академијата на Вардар од Скопје ,Темелковски отворил клуб за тренирање на деца кои сакаат ракометот во Кавадарци, Градско и Росоман, каде три години успешно им ги предавал тајните на ракометната игра.

„Во Словенија во главниот града Љубљана децата се учат на освовите на ракометот, и ако ја земеме во обзир популарноста на овој спорт мометнтално во ова држава и во Европа,ке имам успех со нив“ ни изјави Темелковски, кој напомена дека во Центарот за обука во Љубљана е одлично примен од спортските раководители на овој проект.