МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тренерот на КК,,ФЕНИ ИНДУСТРИ,,-Малинков во недела ја најави првата прозивка

На 16 август, „Фени Индустри“ и официјално ќе ги започне подготовките за новата натпреварувачка сезона.

И покрај бројните шпекулации за наводни трансфери кои во изминатиот период се појавија по македонските портали, од клубот сеуште нема официјална потврда за ниту еден од нив, па сеуште не е јасно кој покрај капитенот Самарџиев, Пајиќ, Николов и Милков ќе се појави на првиот собир на Малинков.

Во меѓувреме, на фудбалскиот терен при спортскиот центар „Јасмин“ со подготовки за престојната сезона започнаа дел од младите кошаркарски надежи од кошаркарската академија Фени Индустри, кои веќе неколку денови напорно работат на својата кондициона подготвеност. Според најавите, младите Камчев, Китев, Атанасов, Кицев и Шалев од недела ќе му се приклучат на сениорите.