МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

До втората едноподгруга победа кавадаречките ракометари дојдоа со подобра игра особено на крајот од второто полувреме

Во текот на целиот тек на средбата од редовното коло на Првата македонска ракометна лига ГРК Тиквеш водеше, а гостите од Делчево се обидуваа да поведат.На два пати им успеа само да изедначат.

Во првиот дел од средбата кавадарчани цело време водеа и беа подобар противник.Полувремето заврши 16:12 за Тиквеш.

Во второто полувреме особено тензично беше во 44 минута кога на нашиот голман му беше покажан црвен картон , а потоа иста судбина го снајде уште еден играч.Во таква состојба , по неколкуте спорни одлуки на судиите, и нервоза на теренот и гледалиштето, дојде до намалување на предноста на ГРКТиквеш.Но по враќањето на играчите, особено на голманот, кој беше меѓу подобрите на ова средба ракометарите се созедоа и поведоа а потоа и направија разлика која на крајот изнесуваше 5 гола, и средбата заврши со 36:31.

Честитки за залагањето на ракометарите за ова победа која ке делува стимулативно осбено на психолошки план.Конечно и управата може да биде задоволна а честитки упатуваме иза тренерот Кире Василев, кој со добра трактика во измените придонесе за победата на својот тим.