МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фудбалерите на фудбалскиот клуб Тиквеш 2014 ги започнаа подготовките за престојната сезона

Во новата фудбалска сезона во третата лига тие ќе атакуваат на пласман во втората фудбалска лига.

На фудбалското игралиште при спортскиот центар „Јасмин“, фудбалерите на кавадаречкиот третолигаш под раководство на Диме Златев, Горан Стојановски и Петар Николов веќе работат на својата физичка и кондициона подготвеност, а се очекува многу наскоро тренинзите да продолжат на градскиот стадион во Кавадарци каде ќе се работи на техничко-тактички план.

11872615 10207319945979950 579291917 n

Костурот на тимот кој ќе го понесе товарот во есенскиот дел од шампионатот е составен од играчи кои му го обезбедија пласманот на тимот во третолигашкото друштво, кој пак ќе се дополнува со играчи од младинскиот и кадетскиот погон на Тиквеш 2009, кои неофицијално сезонава ќе останат надвор од натпреварувачкиот циклус.

Од раководството на тимот најавуваат дека наскоро на тимот се очекува да му се приклучат млади, но квалитетни и проверени играчи од градот кои веќе ја дале својата првична согласност дека ќе му помогнат на тимот да ја оствари својата цел.

M.Димитров