МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По неколку натпревари во кои што поради недостатокот од среќа и искуство, што поради лошите судиски одлуки беа пропуштани победите, конечно ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш прославија со своите симпатизери, овој пат триумф над тимот на Партизан од Гевгелија.Иако гостите први постигнаа погодок, со серија од 3-0 кавадаречките ракометари најавија дека бодовите ќе останат во Кавадарци. Од минута во минута позитивата беше се поголема, за да на полувреме избраниците на професорот Велков да заминат со предност од 6 гола, 13-7.Фуриозната игра продолжи и по паузата, па со четири гола по ред, ГРК Тиквеш веќе стигна до двоцифрена предност, 17-7. До крајот на натпреварот ракометарите на ГРК Тиквеш постигнаа уште 14 погодоци, а примија 9, за конечни 31-16.Витанов Васил, Тодоров Лазе и Станков Ангел со по пет гола беа најефикасни во домашниот тим, додека кај гостите прв стрелец беше Стојковски со 7 постигнати гола.