МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонската кошаркарска федерација организира голема наградна игра за сите што имаат влезници за натпреварите во салата Јасмин во Кавадарци на нашата најдобра селекција во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година против Унгарија на 7 септември и против Велика Британија седум дена подоцна.

Публиката во салата Јасмин во Кавадарци ќе учествува во спектакуларната наградна игра на МКФ, по која најпрецизните двајца гледачи(еден од средбата против Унгарија и еден од мечот со Велика Британија) ќе добијат по две авиокарти од компанијата „Туркиш ерлаинс“ за Турција, два таблета од АМЦ компјутери и по 200 евра за „шопинг“. Во наградната игра ќе учествуваат четирите наjсреќни гледачи во Јасмин кои пред натпреварот ќе успеат да ги фатат четирите топчиња фрлени од теренот. Четирите среќници потоа ќе имаат по два обида да постигнат кош од половина терен. Оној што прв ќе постигне кош од половина терен ќе биде добитникот на големата награда , две авио карти за Турција и 200 евра.