МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ракометарите на ГРК „Тиквеш 2014“ со победа ја отворија новата натпреварувачка сезона во првата машка ракометна лига.

Тимот составен главно од играчите кои и минатата сезона ги бранеа клубските бои и понесоа најголем дел од товарот од гостувањето кај „Текстилец“ се врати со победа од 19-22.

Победата дополнително ќе ги зголеми мотивите на стартот на првенството, особено пред дуелот со „Македонија Ѓорче Петров“ кој е на програмата по две недели, што на тренерот Велков ќе му даде дополнително време за воигрување и отстранување на недостастоците во играта.