МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Џудистите на „Кожувчанка“ овој викенд настапија на меѓународниот турнир „Аминдио куп“ на кој освоија два златни, еден сребрен и шест бронзени медали.

Во конкуренција на 480 џудисти од Македонија, Грција, Кипар, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Грузија, Велика Британија, Бугарија, Турција, Казахстан, Канада, Ирска и Литванија, постигнат е значаен успех на нашите џудисти.Златни медали освоија Марија Илиевска во категоријата до 32 килограми и Миле Плачков во категоријата до 60 килограми. Благица Колева освои сребро во категоријата +69, додека Благој Тодоров, Игнат Петров, Никола Петров, Ристенче Јаневска, Предраг Милошевиќ и Сашко Гинев се закитија со бронзени медали.

Тренерите Марјан Колев и Сашко Ангелов се задоволни од настапот и освоените медали на сите џудисти, особено што во тимот ги немаше репрезентативците Димитар Колев, Никола Станоев и Наталија Ризова.