МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 23 април 2019 година се одржа турнирот во стрелаштво

Ова е трет од серијата натпревари организирани од проектот „Преку спорт до подобар соживот“ кој е имплементиран од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци во партнерство со граѓанските организации Прогресс Плус Кавадарци, Инфо Сега Кавадарци и Коалиција на младински организации Сега од Прилеп.

Настанот привлече голем број натпреварувачи. На турнирот се натпреваруваа 5 лица со попреченост и 5 лица без попреченост од кои 1во место освои Михајло Михајлов, 2ро место Цанде Ѓелов и 3то место Сашо Мошев.

Проектот е дел од Регионалната програма за Локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).