МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Џудистите од џудо клубот „Кожувчанка“ продолжуваат со серијата на успешни настапи и освојувањето на медали. Денес, кавадаречките џудисти учествуваа на државното првенство на Македонија за помлади пионери и сениори до 23 години, кое во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на џудо клубот „Бушидо“ се оддржа во Прилеп, од кое се вратија со осум медали. Марија Илиевска и Миле Плачков беа најдобри во своите конкуренции, носејќи му две први места и две злата на својот клуб. Благој Тодоров, Сашко Гинев и Никола Станоев немаа среќа во финалните борби, па мораа да се задоволат со втората позиција, додека Игнат Петров, Никола Петров, Филип Здравев освоија бронзени медали.

Поради повреди и лични причини и на ова првенство клубот не настапи во полн состав, но и покрај тоа тренерскиот двоец Колев и Ангелов се потполно задоволни од постигнатите резултати, кои ја потврдуваат одличната работа со младите таленти.