Деновиве градежното претпријатие „ЖИКОЛ“ од Струмица започна со реконструкција на неколку улици.
Се работи за дел од улицата 11 октомври односно улица 4 и 6 од Деталниот урбанистички план за урбан блок 12 Демир Капија. Со реконструкцијата е опфатено чистење на трасата, поставување на премини за водоводна и електрична инсталација,тампонирање, поставување на бетонски ивичњаци и асфалтирање во должина од 230 метри и ширина на коловозот пет ипол метри.Градежните работи се во тек и во најкраток можен рок оваа улица ќе биде предадена во употреба.
Со асфалтирањето на оваа улица се обезбедува побрз и побезбеден сообраќај и директен пристап кон центарот на градот.Средствата за асфалтирање се обезбедени од Буџетот на општина Демир Капија планирани во годишната програма за изградба , реконструкција, одржување и заштита на општински (локални) патишта и улици во општина Демир Капија за 2015 година.По реконструкцијата на оваа улица општина Демир Капија ќе продолжи со реализација на годишната програма која опфаќа реконструкција и асфалтирање на други улици во градот.