МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на општина Демир Капија ја одржа тринаесетта седница на која беа разгледани и усвоени девет точки од дневниот ред. На истата усвоен е заклучокот на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за третиот квартален период за 2018 година а усвоена е и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2018 година. Третата и четвртата точка од дневниот ред по разгледувањето кои беа усвоени , се однесуваат на донесување на Одлука за приоритет на Проектот – “Реконструкција на пристапниот пат до земјоделските површини во м.в.Кош и Одлука за давање согласност за намена на инвестиција “Реконструкција на пристапниот пат до земјоделските површини во м.в.Кош“ и за обезбедување средства за реализација.По разгледувањето на петата точка беше донесена Одлука за доделување на Награда “7-ми Ноември“ и Признанија за 2018 година. Потоа се премина на шестата точка на која беше донесена Одлука за усвојување на Програмата за одбележување на денот на ослободувањето на Демир Капија 7-ми Ноември за 2018 година. По разгледувањето на седмата точка од дневниот беше донесена Одлука за превземање на сопственоста на водоснабдителните системи во населените места Корешница, Бистренци и Дрен на Општина Демир Капија.Седницата заврши со Разгледување на барања од физички и правни лица и Советнички прашања.