Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа промоција на Романот на годината “Одбројување“ на Фросина Пармаковска.
Романот претставува дело посветено на приказната на едно семејство каде психолошката болест била присутна, а авторката ја опишува со сите причинско-последични односи, задржуваќи се на ликовите кои се испреплетуваат.Делотото не е ни приближно автобиографско на Фросина Пармаковска, но преставува добро обработена писателски-материја за која малку кај нас се пишува.Најпрестижното признание за едно литературно дело во државата кое го доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ 2017 година го посвети токму на романот “Одбројување“ на Фросина Пармаковска , дотолку повеќе што истото го оценуваат познати и признати автори во конкуренција од преку 27- понудени романи на македонски јазик.Промоцијата во Кавадарци беше во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ и Фондацијата “Славко Јаневски“, а романот е во издание на Издавачката куќа “Или Или“ од Скопје.
„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.
Наградата „Роман на годината“ од 1999 до минатата година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“.
На средбата во Кавадарци говореа Петар Андоновски (и самиот добитник на наградата во 2015), Катерина Богевска-член на Фондацијата „Славко Јаневски„ извадоци читаше Мери Каровска, за да свое обраќање имаше и авторката Фросина Пармаковска. Во самата промиција со прашања и коментари се вклучија и самите посетители, така што на непосреденб начин се проговори за книгата но и за други моменти од издаваштвото кај нас