Гроздоберот 1980 година
Оваа година по измрзнувањето на грозјето од студот и мразот на 21 и 22 април, лозарите од кавадаречко ќе ја сонуваат сликата од гроздоберот во Кавадарци во 1980 година .Според податоците само винарската визба „Тиквеш“ собра 75 милиони килограми грозје, а во кавадаречко беа набрани повеќе од 100 милиони килограми винско и трпезно грозје. За да се собере целото грозје беа полни двата градски базени во Градскиот парк и кај Спортската сала “Јасмин“, како и неколку цистерни во ФЕНИ индустри. Фотографијата ја направил Бранко Ивановски во 1980 година.
Од фототеката на Музеј-галерија Кавадарци.