Денеска напладне во Галеријата при Домот на Kултурата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци во чест на првиот македонски архиепископ ,творец на познатата Охридска книжевна школа,Свети Климент Охридски се одржи предавање.Ова ретко чествување , за наши кавадаречки прилики, беше организиранo од Домот на Културата и Библиотеката „Феткин“во чест на 1100 години од смртта на Свети Климент. Предавач беше проф.др. Кирил Темков.Целиот настан е во рамките на “Кавадаречка културна есен 2016“.
Поводот за празнувaњeто на споменот на Св. Климент Охридски – Чудотворец на 8 декември, најпознатиот меѓу учениците на светите браќа Кирил и Методиј а Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Тој меѓу другото е и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Пред младите ученици од Кавадарци професот д-р Темков се задржа на најбитните моменти од животот на Свети Климент Охридски и за придобивки на народите од делото и мисијата на светиот Климент кој заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Цели 20 години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. Тој им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.
По смртта Господ го прославил со многу чуда. Но бидејќи свети Климент уште за време на животот бил многу популарен меѓу народот, веднаш по неговата смрт неговиот култ уште повеќе се раширил. Извесен број преданија зборуваат и за неговата просветителска дејност, за тоа како го описменувал населението, како го почувал да ја обработува земјата, да одгледува овошни дрвја и како да гради поубави куќи да живеење.