Вкупно 15 милиони денари ке бидат потрошени на изградбата на кејот на реката од поранешна „Таска„ до Брушански мост
Со средствата превидени за ова намена за што вчера беше потпишан договор од страна на градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев, ке се заврши третата фаза од уредувањето на кејот на реката „Луда Мара„ во Кавадарци.Должината на конкретниот дел на кејот е 355 метри , покрај градежните работи предвидено е поставување на три пешаки моста клупи и друга урбана опрема осветлување и други елементи. Се работи за капитален проект што е од големо значење за општина Кавадарци.
(изјави Панов и Колев)