МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црквинската улица

Ова е улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин„ порано Црквинска улица .Токму ова фотографијата е од почетокот на 80-сетите години од минатиот век, со куќите и дуќаните со рустична архитектура во фаза на распаѓање.Го цитираме коментарот на Петре Камчевски -директор на Музеј Галеријата . „Се гледа фурната која ја работеше Вано Видиков, после Тодор Зафиров, берберскиот дуќан на Дано, анот на Еленовци, клинчарскиот дуќан на Боро Катралов, самарџијата Перо Мркев, столарскиот на Анѓелката итн. Дуќаните се одликуваат со убава архитектура-карактеристична за тој период.

Од архивата на Музеј-галерија Кавадарци.