МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од почетокот на 20-от век во Кавадарчко и Тиквешијата делуваат неколку револуционерни организации кои се бореле за осамостојување на Македонија од Османлиската, а подоцна и од српската окупација.

Во месеците јули и август 1894 година големиот македонски револуционер Даме Груев презел активност низ Македонија при која биле формирани првите комитети и организационата мрежа на тајната македонска одринска револуционерна организација.На 15 јули 1894 година во Кавадарци бил формиран првиот таков комитет во Македонија,по Солунскиот.Заслужен за тоа е Даме Груев, но и кавадаречките револуционерни дејци :Јованче Велков, Иванче Минчев, Јанаќи Ќурчиев и Пане Иванов.

Тоа било силен импулс за понатамошен развој на македонската Револуционерна организација во овој крај. За кратко време комитетот во Кавадарци заживеал и започнал организиран отпор против разните поробувачи низ неколку форми.

На спомен плочата по повод овој значаен настан од нашата историја денеска положи свежо цвеќе делегација Локалната самоуправа и Советот на Општината Кавадарци ,на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, и други почитувачи на македонската историја.

За значењето на формирањерто на Комитетот говореше Марија Михова кустос историчар во Музеј Галеријата Кавадарци.(Видео)