МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Акцијата се одржа во ПС од ОН Кавадарци и Регионален центар-југ

Денеска во полициската станица од Општа надлежност Кавадарци и Граничната полиција-Регионален центар југ се одржа крводарителска акција.Одзивот беше добар и до околу 14 часот, кога таа и заврши, беа собрани 23 кеси со ова драгоцена течност.

И овојпат хуманоста се покажа на дело.Се работи за редовна крводарителска акција во Кавадарци, за припадниците на полицијата​, ПС-ОН и РЦ - Југ гранична полиција. Акцијата е во соработка на Црвен крст Кавадарци и Републички институт за трансфузиона медицина Скопје.