Изложбата беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци а во рамките на Ликовна колонија “Кавадарци-Михајлво 2017”, која ја организира Домот на културата “Иван Мазов Климе”, со поддршка на локалната самоуправа.
Во своето обраќање пред присутните, директорот на кавадаречкиот музеј Петре Камчевски појасни дека станува збор за професори од катедрата за визуелна уметност на Факултетот за ликовна уметност, при Универзитетот “Свети Климент Охридски” од Софија.
Директорот на Домот на културата Владимир Темков нагласи дека Кавадарци е домаќин на една од најдобрите ликовни колонии во Македонија, а можеби и во Европа.
Кустос историчарот на уметност при музејот Трајче Цветков кој се осврна на делата на двајцата автори, меѓу другото, за Димитрова соопшти дека е добитник на неколку меѓународни награди од областа на ликовната уметност, а за Алтаков дека е раководител на катедрата за визуелна уметност при факултетот.
Самиот Алтаков изрази задоволство што учествуваат на оваа, како што рече, уникатна колонија.
Димитрова пак се заблагодари за организацијата на изложбата и прекрасното место во кое се изложени нивните дела.