МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера во Кавадарци и официјално беше отворен клубот на навивачите на Манчестер Јунајтед од Кавадарци.

Отворањето на клубот на навивачи на Манчестер Јунајтед од Кавадарци е првиот голем проект на здружението на поддржувачи на најголемиот англиски клуб, кое постои само два месеци.

Според Диме Коцевски- еден од главните иницијатори за цела работа, клубот на навивачи на Манчестер Јунајтед од Кавадарци веќе брои педесетина членови, но бројката секојдневно расте. Атмосферата одлична, позитивна, како доликува за фановите на Јунајтед, а организаторите се погрижија сите да добијат пијалак,соодветни апетисани и торта со амблемот на Манчестер Јунајтед, од која секој по малку проба.Имаше и сечење лента за аирлија а се случи и церемонијален говор како доликува на целата ,според нас, ретко убава работа каде пред се, се другарува,се разговара , дебатира,и се навива спортски.

Клубот кој ќе стане официјално збиралиште на сите поддржувачи на сите „Црвени Ѓаволи“ од Тиквешијата се наоѓа во новиот центар на градот, на улица „Моша Пијаде“ бб до експозитурата на Македонска пошта.