МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вечерва во градската библиотека „Феткин“ ќе биде отворено единаесетото издание на Саемот на книгата

Пред кавадаречката публика ќе се претстават седум издавачки куќи кои најавуваат бројни попусти за сите љубители на книгите.

„Традицијата на организација на Саемот на книгата продолжува и годинава. На годинашниов Саем ќе се претстават дури седум издавачки куќи од Македонија, и тоа издавачките куќи „Три“, „Култура“, „Матица Македонска“, „Антолог“, „Просветно дело“, „Или - Или“ и „Бата Прес““ - ни рече меѓу другото директорката на градската библиотека „Феткин“, Трајанка Атанасова.

Свеченото отворање на Саемот кој и годинава е во организација на градската библиотека „Феткин“ е вечерва, понеделник, 30 октомври во 19 часот, а Саемот ќе биде отворен до сабота во периодот од 9 до 20 часот.