Покрај редовното чистење, ТПП-Кавадарци апелира на прописна изведба на оџаците при градбата
ТПП единца од Кавадарци апелира до сите граѓани кои планираат или веќе започнаа да се грејат на огревно дрво ,претходно да ги исчистат оџаците.За Кавадарци е карактеристично предизвикување пожари од запушени но и не добро изведени оџаци.Тоа подразбира-да нема дрвени греди на местото каде поминува оџакот или во близина кај таванскиот дел да се елиминираат таканаречениот „каратаван„ со дрвени даски кој е лесно запаллив.Од ТПП единица Кавадарци апелираат да се провери и исправноста на електричната инсталација кај индивидуалните згради, а кај колективните исто така да се исчистат оџаците пред грејната сезона.Бо близина на оџаците да се тргнат двените плакари да се ослободи таванскиот простор од предмети кои се лесно запалливи, а местата каде се наоѓа оџакот да се ослободат од сите предмети кои можат да сметаат при евентулна интеревнеција на ПП Единици.Граѓаните треба да знаат дека за било какви повици за интервеенции за пожар да се јават на бројот 193.