МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во просториите на "Кожувчанка" ДОО се потпиша договор за соработка меѓу Фондација "Никола Јанчев" и МАНУ. Чинот на потпишувањето го обавија Генералниот менаџер на "Кожувчанка" Јанинка Чупаркоска и Академик Живко Попов претседател на МАНУ, а со пригодни зборови за соработката говореше и градоначалникот Митко Јанчев .Инаку потпишувањето го следеа и говореа неколку истакнати академици.

Беа присутни и претставници на Фондацијата "Никола Јанчев".

„Инаку денешниот настан има огромно значење за Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Фондацијата „Никола Јанчев“ и за Македонија. Потпишан е договор за соработка и донација, на три години, помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ, што е резултат на посветените заложби на градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев и одборот на Фондацијата. Оваа поддршка е важен поттик за понатамошен развој на МАНУ, која има клучна улога во сочувувањето на нашето уметничко и културно наследство.

МАНУ, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во земјата, игра одлучувачка улога во следењето на состојбата во науките и уметностите и во нивното унапредување. Академијата се залага за оспособување и усовршување на научно-истражувачките и уметничките кадри, како и за заштита и афирмација на македонското културно наследство и природни ресурси.

Од друга страна пак Фондацијата „Никола Јанчев“ дејствува во решавање на важни прашања, а со својата грижа и донации придонесува за долгорочен и одржлив развој на својата заедница. Фондацијата помага онаму каде е најпотребно, а фондот се гради од донираната Градоначалничка плата од страна на г-дин Митко Јанчев, како и од средствата дадени од компанијата “Кожувчанка”. Вкупниот износ на донација досега изнесува околу 5 милиони денари.

МАНУ помина низ значајна етапа од својот развој, но како и сите други институции, се соочува со големи предизвици што ги носи времето. Во наредните години, Академијата ќе продолжи да работи на остварување на својата мисија и визија, со цел да даде целосен придонес во интеграцијата на македонската наука и уметност во современите европски и светски научни текови, па затоа оваа соработка е од големо и клучно значење.

„Како претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и Генерален менаџер на Компанијата „Кожувчанка“, би сакала да изразам огромна почит кон МАНУ и сите кои се дел од неа. Ме радува што Фондацијата од својот локален карактер прераснува во препознавање на национално ниво, сега и преку оваа од голема важност соработка со МАНУ. Верувам дека средствата ќе бидат имплементирани за сигурни цели, кои ќе поттикнат научно-истражувачка работа и постојана грижа за зачувување на македонското уметничко и културно наследство.“ - изјави г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и Генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“

.Од Фондацијата „Никола Јанчев“ се надеваме на постојана и плодна соработка со Македонската академија на науки и уметности.

Ви благодариме! “

-се наведува во ПР известувањето за овој настан.

474237570_1013705997445117_1974550188380547344_n 474047999_1013706860778364_2277359793608649625_n 474202621_1013706330778417_1791637917919181715_n 474202937_1013706170778433_7879537124730311416_n 474220210_1013705857445131_8565063669502031596_n 474272610_1013705447445172_4517193830051284661_n 474402794_1013706550778395_8033957908608304902_n 474481122_1013705660778484_6258796413432158122_n 474481748_1013706630778387_3953937807085772938_n 474490740_1013706487445068_5708095334594966088_n 474505506_1013707050778345_3669490409513372291_n 474544292_1013706790778371_2039661306367499058_n 474602488_1013705567445160_715997844379849852_n 474628614_1013705764111807_8994431952240721662_n 474701411_1013707150778335_5935185020160306557_n 474809861_1013706214111762_9081142785699442467_n 474816749_1013705920778458_4323606046263214766_n