Официјално и правно формално денеска новиот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев го презеде кабинетот на прв човек на Општината.Досегашниот градоначалник Александар Панов му посака плодна работа.
По приемот на уверението од ОИК, за мандатот- избран градоначалник на Општина Кавадарци на Локалните избори 2017 година ,Митко Јанчев ,денеска и официјално ја прими новата фунција - градоначалнник на Општина Кавадарци.Во свечена атмосфера во присуство на најблиските сораборници на Панов и на Јанчев беше извршено преземањето на фунцијата градоначалник на Кавадарци на новоизбраниот градоначалник на Општината Митко Јанчев.Досегашниот носител на ова функција Александар Панов му посака плодна работа, изјавувајќи дека на Јанчев му остава(позитивна) солвентна сметка без загуби и големи обврски за плаќања,со редовни приходи, буџет кој ке овозможи нормален старт во работењето. Во ова прилика носителот на највисоката функција во Општната, Митко Јанчев , рече дека ке го реализира ветеното, поскака сплотеност и соработка со Советот во Опшината, со цел, граѓаните да ги добијат потребните бенефиции за кои гласале на Локалните избвори 2017 година.