МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со студиото раководи Диме Коцевски,познат актер, омилен кај публиката за своите театарски и тв-проекти,со доволно драмско искуство да ги пренесе вештините од тетарската струка и на помладите.Дека тоа е така зборува големиот интерес за упис во училиштето „Реплика прва“ кое започна со работа денеска

Само најмалата група посетители на првато детско и младинско драмско студио „Реплика прва“ ке го посетуваат неочекувано голем број деца на возраст од 10 до 14 годинаи ,полна е и втората група за потенцијални актери од 14 до 18 години. Коцевски имаше денеска прва средба со нив и во една непосредна средба се договови часовите да се одржуваагт два пати неделно во четврток и сабота во просториите на НВО-Центарот на СПМПД и Инфо-Сега во траење од по еден час, во затоплена просторија со доволни простор за работа од ваков вид.

Покрај за првиоте чекори во актерството, Коцевски ке ги подучува учениците на првото драмск студио „Реплика прва„ и со справувањето со негативната трема,однесување во друштво,морален однос ,на правилен говор,однесување на сцена и други корисни работи за младите луге . На крајот на овој циклус , Коцевски планира да подготви две престави (со двете групи по една) и истите да ги изведе на сцената на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во текот на месец март наредната година.