На Четвртата седница на новиот Совет на Општина Кавадарци на дневен ред се најавени 33 материјали.
На дневен ред на утрешната седница се наоѓаат:Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог-Програма за јавни и комунални дејности за 2018 година;Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта во Општина Кавадарци за 2018 година,Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог – Програма за изработка и донесување на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2018 година; Предлог – Програма за јавна чистота за 2018 година;Предлог-Програма за јавно зеленило за 2018 година;Предлог – Програма за развој на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог – Програма за развој на невладиниот сектор на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог-Програма за мегународна соработка на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог – Програма за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата во 2018 година;
На сeдницата се наоѓа и Предлог-Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата во 2018 година на правно лице; Предлог-Правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата во 2018 година на правно лице; Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности во Општина Кавадарци во 2018 година;Предлог-Програма за активностите на Општина Кавадарци во областа на здравствена заштита во Општина Кавадарци за 2018 година;
На утрешната седница- за 20 декември предвидено е да се расправа и по Програма за активностите на Општина Кавадарци во областа на социјалната заштита во 2018 година;Предлог-Програма за активностите на Општина Кавадарци во промоција на ,,Комуникација со јавноста,, во 2018; Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци;Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спорт и млади во 2017 година;Предлог-Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Кавадарци;
На дневен ред утре е и Предлог-Одлука за кофинансирање на Проектот,, Подобрување на патната инфраструктура во микро-регионот Росоман,Кавадарци Неготино преку реконструкција на дел од Северен булевар во Општина Кавадарци;Предлог-Одлука за определување месечен паричен надоместок на Претседателите и членовите на комисиите за утврдување правен статус на бесправен објект;Предлог-Одлука за давање согласност за повлекување на тужба;Предлог-Решение за формирање на Комисија за изработка на Програма за работа на Совет на Општина Кавадарци;Предлог-Решение за разрешување и именување на претставници на Општина Кавадарци во Управниот Одбор на ЈП"Комуналец" Кавадарци; Предлог-Решение за разрешување и именување на претставници на Општина Кавадарци во Надзорниот Одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП"Комуналец" Кавадарци;Предлог-Решение за разрешување и именување на Директор на Фондацијата за социјална, здравствена и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци;Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Одборот на Фондацијата за социјална, здравствена и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци ;Предлог-Решение за разрешување и именување на Претседател и членови на Одборот на Фондацијата за социјална, здравствена и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци ;Извештај за редовното работење на ЈП за стопанисување со спортски објекти ,, Мито Хаџи Василев-Јасмин,, Кавадарци за И полугодие од 2017 година ;Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година.
Седницата е закажана за 12 часот.