МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оперативата на фирмата „Пер инжинеринг“ денес постави железна арматура за оформување на потпорен ѕид на ул. „Боро Ваташки“. Проектот на општината е дел од програмата за комунална изградба според која треба да се изгради армирано бетонски потпорен ѕид со висина од 3,5 и должина од 15 метри. Ѕидот треба да го стабилизира земјиштетo на дел од улицата, и да ги заштити околните индивидуални станбени објекти. Изградбата на ѕидот е на барање на жителите од тој дел на селото Ваташа. извор : Кабинет на градоначалник Митко Јанчев