МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Зоки живееше боемскиот живот.Зад себе остави бројни аудио и видео записи од негови настапи на фолк сцената во Македонија и во странство.

Денеска во Кавадарци беше погребан фолк пеачот Зоран Дамјановски

Од него денеска се простија многу колеги од фолк естрадата, пријатели,роднини,љубители на неговото пеење.Дамјанов ненадејно почина вчера во Кавадарци.Пријателите велат доживеал инфаркт во кафеана каде престојувал со пријатели.

Зоки живееше боемскиот живот.Зад себе остави бројни аудио и видео записи од негови настапи на фолк сцената во Македонија и во странство.Беше член на неколку групи:„Ројал„, „Дрим Тим“ и други групи.

Има неколку албуми , а познат беше по хитовите ,,Цветанке моја’’ ,,Кога би знаел каде си’’ ,,Птицо сребрена,, и други. Песната ,,Пак ме чекаш и не заспиваш’’ ја посветил на сопругата Мери, за која велеше дека му е најголема поддршка во животот и била крај него и во добро и во лошо.

Дознаваме дека е покренат хуманитарниот фонд, од страна на кавадарчани кои живеат во Америка е со цел да се помогнат финансиски сопругата и децата близнаци на Зоран.Дамјанов имаше само 43 глодини.

Зоран Дамјанов беше погребан денеска на Градските гробишта во Кавадарци.