Градоначалникот Митко Јанчев со Дедо Мраз ги посетија децата од училиштата„Димката Ангелов Габерот„-Кавадарци и Ваташа , децата од Дневниот цетар за деца со посебни потреби а приреди прием и за „Гроздоберчињата„ .Сите добија и новогодишни пакетчиња.
Како што вети, денеска градоначалникот Митко Јанчев ги посети со Дедо Мраз учениците од училиштата од Кавадарци при што им подарија новогодишни пакетчиња.Најпрвин Јанчев со Дедо Мраз присуствуваше на посебната приредба која ја изведоа учениците од ООУ„Димката А.Габерот„ Ваташа, а потоа ги посетија учениците од истоименото училиште од Кавадарци.Најмладите се потрудија да подготват соодветна новогодишна програма со која на убав, позитивен начин, со насмеани лица посакаа остварување на детските желби, а на градоначалникот да мисли и на најмладите , кога ке ги планира и оставрува секојдневните обврски.
Со внимание помина и средбата со децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби. Со оглед на желбата на децата за патување низ државата нивните наставнички изразија желба за подршка на градоначалникот за изведување на патувањата.
Средбите со децата беа можност во ова еуфорична атмосфера за нив на прагот на новата годината , да надвладее убавата позитивна мисла и желба за поубави моменти наредната година.
Децата тоа , се читаше од нивните очи, сакаа да го покажат, низ настапите на приредбите подготвени за првиот човек на градот .
Денешниот работен ден на Јанчев, покрај другите редовни обврски, беше заокружен со уште една средба со дел од учесниците на Меѓународниот Фестивал на детски песни„ Гроздоберче 2017“, фестивал кој живее 21 година и е вистински репрезент на детската песна кај нас.Гроздоберчињата му запејаа на градоначалникот и се фотографираа со него , а потоа му врачија благодарница со аудио и двд издание од годинашнава продукција .