МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска пред Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур се одржа чествување посветено на делото кое зад себе го остави за Македонија

Повеќе делегации на Општина Кавадарци денеска положија цвеќе на бистата на херојот пред неговата родна куќа во Ваташа која сега е Спомен музеј.Цвеќе положија и пре него се поклонија : Делегација предводена од Градоначалникот на Општина Кавдарци Митко Јанчев, делегација на Советот на Општина Кавадарци,делегација Сојузот на борци од НОБ, делегација на ОКна ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, и Музеј Галеријата од Кавадарци.

Актерот Диме Коцевски со двајца ученици-средношколци читаше извадоци од Дневникот на Страшо, во кој тој запишал дел од времето кога бил надвор од Ваташа и потоа кога се вратил назад.

За неговиот краток живот исполнет со учење, револуционерна дејност,и рана смрт говореше Петре Камчевски-директор на Музеј галеријата-Кавадарци.

2222.jpg

Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија. Роден е на 5 март 1915 година во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Г. Милановац, Н. Краина, Крагуевац и Белград. Во Крагуевац започнува неговата револуционерна дејност, кога смело се спротивставил на психологот Василие Правуловиќ, кој генерално ги омаловажувал македонците како народ. Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 г. ја обновува работата на КП во Кавадарци. Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година. Во 1941 година е инструктор на Покраинскиот воен штаб, а во 1942 г. и член на Покраинскиот комитет и член на Главниот штаб на Македонија . Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред “Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти. Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб. За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.