МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Децата со аутизам од општина Кавадарци веќе имаат можност за спортски и музички активности, ова е проект на Секторот за локален економски развој кој започнува да се спроведува на иницијатива на родители на деца со аутистичен спектар.

Раководителот Тодор Ефремов синоќа на стартот на проектот, појасни дека локалната самоуправа во соработка со јавните институции, им овозможува на овие деца да спортуваат два часа неделно и да имаат активности од музички карактер.

-Целта е да се зајакне свеста кај родителите на овие дечиња за да се приклучат на овие активности, но и свеста во општеството за да им обрне поголемо внимание, рече Ефремов.

Тој нагласи дека е ова прв ваков проект кој е малку буџетен, а многу значаен.

Изрази надеж дека во иднина ќе има и други поголеми проекти со кои ќе им се овозможат повисоки стандарди за живеење на децата со аутизам и нивните родители.

Овој проект е подржан од градоначалникот Митко Јанчев и Локаланата самоуправа Кавадрци со подршка која ке им биде добредојдена, на родителите и децата со аутизам.